четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 106
home Фудбал

Павар во Баерн за 35 милиони евра

Павар во Баерн за 35 милиони евра

Минхенски Баерн се договори со Штудгард за трансфер на францускиот репрезентативец Бенжемен Павар.

Баерн ја искористи излезната клаузула и го доведе младиот дефанзивец, кој игра на позицијата стопер и десен бек, за 35 милиони евра.

Постои можност Павар веднаш да премине на Алијанц арена, но е реално оти следното лето ќе облече дресот на германскиот шампион, зашто Штудгард сака да го задржи.

Павар помина неверојатен пат за само две години, играше во германски Цвајт Штудгард, потоа се избори за враќање во Бундеслигата, а потоа и заслужи позив во француската репрезентација.

Селекторот Дидие Дешамп го стави и на списокот на Мундијалот во Русија, а Павар му се оддолжи со одлична игра на патот кон титулата светски првак, а го постигна и еден од најубавите голови во турнирот во осминафиналниот натпревар против Аргентина (4:3).

Коронавирус