сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Павар се повреди пред реваншот против Челси во Лигата на шампионите

Павар се повреди пред реваншот против Челси во Лигата на шампионите

Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павар, се повреди на тренинзите, соопшти клубот од Минхен.

Французинот го напушти теренот на носилки. Според резултатите од медицинскиот преглед, му бил дијагностициран оштетување на лигаментите на левиот глужд.

Павар најверојатно ќе го пропушти реваншот од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите на 8 август против Челзи. На првиот меч Баерн како гостин победи со 3:0.

Оваа сезона, 24-годишниот Французин има четири гола и седум асистенции на 46 одиграни натпревари. (МИА)

Коронавирус