понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Патрик Клајверт се враќа во Барселона

Патрик Клајверт се враќа во Барселона

Холандската фудбалска легенда Партик Клајверт, се враќа во Барселона и тоа како прв човек на славната академија „Ла Масија“, објави спортскиот весник „Мундо Депортиво“.

Клајверт, кој беше член на последната златна генерација на Ајакс која во 1995 година стигна до европската титула, играше за Барселона шест години од 1998 до 2004 и на 259 меча даде 184 гола.

Холанѓанецот ќе го замени Пеп Сегура, досегашниот генерален директор на Академијата, кој си поднесе оставка.Холандската легенда ќе потпише двегодишен договор со каталонскиот гигант.

 

Коронавирус