четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Патот до ЕП води преку Косово: Македонија поразена од Австрија

Патот до ЕП води преку Косово: Македонија поразена од Австрија

Македонската фудбалска репрезентација и дефинитивно нема преку групата да оди на Европското првенство. Ако до вечерва постоеја некакви теоретски шанси по поразот од Австрија со 2-1 е јасно дека надежта дека ќе одиме на ЕП ни е преку Лигата на нации и дуелот со Косово.

Последниот меч го играме во вторник дома со Изреал по што сите погледи ќе бидат свртени кон март и дуелот со Косово.

АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:1 (1:0)

Стадион „Ернст Хапел“. Судија: Мајкл Оливер (АНГ). Стрелци: Алаба 7., Лајнер 48. (АВС), Стојановски 90+3..

АВСТРИЈА: Шлагер, Лајнер, Хинтерегер, Улмер, Баумгартлингер, Лајмер (90. Илсанкер), Лазаро (79. Тримиер), Сабитцер, Алаба (90+2), Арнаутовиќ.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Младеновски (46. Зајков), Тошевски (62. Аврамовски), Барди, Спировски, Костадинов, Ристевски, Елмас, Трајковски (13. Стојановски).