Фабио Паратичи ја замени директорската позиција во Јувентус со таа во Тотенхем, а во интервју за „Скај Спорт Италија“ открил интересни детали поврзани и со работата на својот веќе поранешен клуб.
Пол Погба постојано е поврзуван со враќање во Торино, но слично и како што се очекуваше, Паратичи вели дека тоа не е така лесна операција.
– Мислам дека враќањето на Погба во Јувентус е тешко остварлива опција.
– Во ниту еден момент не бевме блиску да го добиеме повторно во нашиот тим, – изјавил Паратичи.
Погба има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед и ова лето повторно ќе биде дел од трансфер шпекулациите кои ќе го поврзуваат со други клубови.