сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 87
home Фудбал

Паратичи и Мончи се договориле, Тотенхем добива голем шпански талент

Паратичи и Мончи се договориле, Тотенхем добива голем шпански талент

Тотенхем е пред трансфер на голем шпански талент, за кој ќе исплати сериозна сума и ќе го испрати Ерик Ламела во редовите на Севилја.

„Скај Спортс“ тврди дека Фабио Паратичи и Мончи постигнале договор за преселба на Брајан Хил во редовите на премиерлигашот, а покрај откажувањето од Ламела, Тотенхем ќе плати уште 25 милиони евра.

Хил во моментов е во Токио каде ќе настапува за шпанската олимписка репрезентација, а важи за еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал во својата генерација.

Хил е производ на младинската академија на Севилја, а минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Еибар, екипа која не успеа да обезбеди опстанок во Ла Лига.

Ламела ќе потпише тригодишен договор со Севилја, по што ќе го напушти Лондон по осумгодишен престој во редовите на Тотенхем.

Коронавирус