вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Паника во ФФМ: УЕФА бара Статутот да се усогласи со законите на државата!

Паника во ФФМ: УЕФА бара Статутот да се усогласи со законите на државата!

Европската фудбалска унија (УЕФА) испратила писмо до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во кое изричито побарала куќата на фудбалот да го усогласи актуелниот Статут со законите на Македонија, дознава Спорт1. Сето ова предизвикало панична реакција кај раководството на најмоќната спортска организација во земјава.

ФФМ лани во декември направи низа статутарни промени пред да се случи изборот за нов претседател (Муамед Сејдини) во февруари годинава, но сите тие промени беа само шминка на актуелниот Статут, па Агенцијата за млади и спорт (АМС) објави дека тоа Собрание е нелегитимно и дека не ја признава таа власт за легитимна.

АМС во последниве неколку месеци укина низа општински фудбалски сојузи, од кои се црпи гласачка машинерија во делегатскиот систем на федерацијата (укинати се Македонски Брод, Демир Хисар, Штип, Кочани, Кратово, Липково, Свети Николе).

Оттаму сега уште поголема паника во куќата на фудбалот откако од Нион им дошло изненадувачка депеша во кое се бара федерацијата да го усогласи Статутот со законот за спорт.

„Камен на сопнување“ е промената што треба да се направи во делегатскиот статус, каде што клубовите како носители на фудбалот во земјава би требало да добијат мнозинство на делегати.

Вакви статути веќе имаат ракометната и кошаркарската федерација, а ФФМ е останата со делегатски статус преку општинските сојузи, но огромното мнозинство од тие делегати не се од клубовите кои се натпреваруваат во лигите.

Неофицијално, во писмото што од Нион пристигнало во ФФМ, е посочено дека ако федерацијата остане „глува“ на овие препораки, можно е македонскиот фудбал да се соочи со суспензија од европската куќа на фудбалот.

ИЗВОР: СПОРТ1

Локални избори 2021