Фудбал интервју

Пандев во интервју за КУРИР: Македонскиот дрес се носи со гордост, никого не молиме, за МАКЕДОНИЈА ќе играат најдобрите

Ова не е само фудбалска приказна. Ова е животна лекција за упорност, скромност и бескрајна љубов кон татковината.

Пандев во интервју за КУРИР: Македонскиот дрес се носи со гордост, никого не молиме, за МАКЕДОНИЈА ќе играат најдобрите

Од улиците на Струмица до врвот на европскиот фудбал. Од соништата на едно дете до историјата што ќе се памети засекогаш. Ова не е само фудбалска приказна. Ова е животна лекција за упорност, скромност и бескрајна љубов кон татковината.

Во оваа специјална емисија ќе го проследиме патот на Горан Пандев, човекот кој стана симбол на надежта и обединувачка сила на еден народ. Ќе се потсетиме на неговите први чекори во фудбалот, на годините во Лацио, Наполи и незаборавната сезона со Интер, кога го освои сѐ – вклучувајќи ја и Лигата на шампиони.

Но, она што најмногу ќе го паметиме е моментот кога, предводејќи ја Македонија, ја внесе нашата држава во историјата – на Европско првенство.Со него ќе разговараме за тие мигови на слава, за личните жртви зад успехот, за неговото семејство, пријателите и тимовите кои му го променија животот.

Што значи да останеш скромен, дури и кога светот ти аплаудира? Како изгледа животот по последниот свиреж на судијата? И што е следно за капитенот?!

To top