сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 100
home Фудбал

Пандев во име на репрезентацијата му посака брзо заздравување на Ериксен

Пандев во име на репрезентацијата му посака брзо заздравување на Ериксен

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен им се заблагодари на сите за големата поддршка и потврди дека се чувствува добро по несреќата и колабирањето на натпреварот против Финска на ЕП.

Данската куќа на фудбалот преку моќно видео испрати нова поддршка до својот најдобар фудбалер.

На истото, желба за побрзо заздравување посакува првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, како и по еден член до секоја селекција која што настапува на Европското првенство.

„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо заздравување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, рече македонскиот капитен Пандев.

 

Коронавирус