петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев во име на цела репрезентација му посака брзо заздравување на Ериксен

Пандев во име на цела репрезентација му посака брзо заздравување на Ериксен

Првата ѕвезда на данскиот фудбал, Кристијан Ериксен, утрово соопшти одлични вести. Капитенот на скандинавската репрезентација им се заблагодари на сите за големата поддршка и потврди дека се чувствува добро по несреќата и колабирањето на натпреварот против Финска.

Данската куќа на фудбалот преку моќно видео испрати нова поддршка до својот најдобар фудбалер. На истото, желба за побрзо заздравување посакува првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, како и по еден член до секоја селекција која што настапува на Европското првенство.

„Чао Кристијан, поздрав од мое име и од името на моите колеги. Ти посакуваме што побрзо заздравување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе“, рече македонскиот капитен Пандев.

Пред три дена времето за момент застана во Копенхаген, откако Ериксен колабираше на натпреварот со Финска, но благодарение на брзата реакција на неговите соиграчи и лекарскиот тим, избегната беше голема трагедија.

Коронавирус