сабота, 28. март 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Пандев се повреди, излезе во 13. минута

Пандев се повреди, излезе во 13. минута

Горан Пандев денеска играше само 13 минути на гостувањето кај Болоња по што мораше да му го отстапи местото на Пинамонти поради повреда на коленото што ја доби при удар од противнички играч.

По лекарските прегледи ќе се знае колку е сериозна повредата на Пандев.

Доколку Пандев не биде во можност да игра во полуфиналето на Лигата на нациите, тоа ќе претставува голем удар за македонската фудбалска репрезентација која ја делат два натпревари до историски пласман на Европското првенство.