вторник, 3. август 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Пандев и Алиоски се слободни играчи, иднината на Пандев се знае, но трката за Џани се „вжештува“

Пандев и Алиоски се слободни играчи, иднината на Пандев се знае, но трката за Џани се „вжештува“

Официјалниот почеток на преодниот рок за летово го означи и истекот на договорите на сите оние играчи кои беа „врзани“ со клубовите до крајот на сезонава. Во светски рамки тема број 1 е што Лионел Меси моментно е без договор со Барселона (иако продолжување на соработката е само прашање на време), но кога станува збор за мак-фудбалот, Горан Пандев и Езгијан Алиоски се двајцата македонски репрезентативци кои од утрово на полноќ станаа слободни играчи.

Кога станува збор за Пандев, тука дилемата е разрешена – капитенот ќе остане уште една година во Џенова, откако реши да ја прекине репрезентативната кариера и последната година активното играње да го мина само на клупски план. Одлуката е веќе донесена и се очекува да биде официјализирана веднаш по враќањето на Пандев од летниот одмор, откако претседателот Пречиози минатата седмица му испрати и нова понуда што според сите најави ќе биде прифатена.

Кај Алиоски трката е многу поинтересна бидејќи интерес за офанзивниот бек на Лидс покажаа бројни клубови. „Белите“ од „Иланд Роуд“ се чини се откажаа откако на негово место го договорија трансферот на Фирпо од Барселона, но Џани има бројни понуди на маса. Најконкретни се Турците, откако официјални понуди испратија Трабзон, Галатасарај и Фенербахче, интерес постои и од рускиот гигант ЦСКА Москва, но и од неколку италијански клубови.

Меѓу оние кои најавуваат промена на клупските бои летово се и Муслиу, Велковски и Николов, а не се исклучува ниту можноста за заминување на Трајковски од Мајорка во тим каде македонскиот голгетер би добивал поголема минутажа.

Коронавирус