сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Фудбал

Пандев: Би ги заменил моите трофеи за пласман на македонската репрезентација

Пандев: Би ги заменил моите трофеи за пласман на македонската репрезентација

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, пред утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Лигата на нации истакна дека посакува да се реализира сонот и Македонија да игра на едно Европско првенство.

Македонската репрезентација утре одбележува 25 години од првиот натпревар во историјата, а капитенот очекува јубилејот да биде прославен со нова победа.

– Одбележуваме 25 години репрезентативен фудбал и големиот јубилеј се надеваме дека ќе го прославиме со победа. Атмосферата во репрезентацијата никогаш не била подобра, владее големо другарство во тимот. Се надеваме дека и публиката ќе дојде во поголем број отколку на претходниот меч и ќе се создаде добар амбиент кој ќе не понесе кон нова победа, истакна капитенот на македонската репрезентација.

Пандев, кој освои многу трофеи на клупски план, меѓу кои и најголемата титула во Лигата на шампионите, наведе дека негов неостварен сон останува пласман на големо натпреварување со македонската репрезентација.

– Успех со репрезентацијата е мој неостварен сон и се надевам дека сега ќе го остварам. Освоив многу трофеи во кариерата на клупски план, ама би ги заменил за пласман на македонската репрезентација. Тоа е е нешто посебно. Се надевам дека сега преку овие квалификации ќе го оствариме тоа и дека ќе ја израдуваме цела Македонија со пласман на ЕП 2020, наведе Пандев.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утревечер (сабота) од 20:45 часот на арената „Филип Втори“.

МИА

Коронавирус