Атински Панатинаикос нема да може да настапува во европските натпреварувања во наредните три години, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).
ПАО е суспендиран поради долгови кон играчите кои во почетокот на месецов штрајкуваа зашто не им се исплатени парите од минатата година.
ПАО доби опомена од УЕФА во декември со обрвска до први март да ги регулира своите долгови, но не успеа во тоа.
Исто така, најстариот грчки клуб е казнет од страна на домашната лига со три бода поради долг кон поранешниот дефанзивец Јенси Вемер, а ќе мора да плати и казна од 100.000 евра.