петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 40
home Фудбал

Палмеирас со гол во финишот го освои Копа Либертадорес

Палмеирас со гол во финишот го освои Копа Либертадорес

Фудбалерите на Палмеирас станаа клупски шампиони на Јужна Америка, откако синоќа во драматична завршница триумфираа во финалето на Копа Либертадорес одиграно на Маракана над екипата на Сантос со 1:0 (0:0).

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Брено Лопез во деветтата минута од судиското продолжение. Рони испрати одличен центаршут што Брено со глава рутински од непосредна близина го смести во мрежата за големо славје на Палмеирас.

Ова е втора титула континентален првак за Палмеирас, по премиерната во 1999 година, додека Сантос остана на три трофеи во Копа Либертадорес. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија