петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Фудбал

Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес

Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес

Фудбалерите на Палмеирас ја одбранија шампионската титула во Јужна Америка, откако синоќа во „бразилското финале“ во Монтевидео го совладаа Фламенго по продолженија со 2:1 (1:1, 1:0).

Палмеирас поведе во 6 минута преку Рафаел, а бројните напади на Фламенго вродија со плод во 72 минута кога Габриел Барбоса го израмни резултатот на 1:1.

Голот на одлука дојде во петтата минута од продолжението, откако Дејверсон искористи голема грешка во одбраната на Фламенго и рутински го совлада противничкиот голман.

Со тоа Палмеирас стана првиот клуб, кој го одбрани трофејот во Копа Либертадорес по Бока Јуниорс во 2001 година, а за бразилскиот клуб ова е вкупно трета јужноамериканска титула, која за прв пат ја освои во 1999 година. (МИА)

Коронавирус