сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 19
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Пактот против Сити го покренал Арсенал, за краток период сите големи го поддржаа

Пактот против Сити го покренал Арсенал, за краток период сите големи го поддржаа

You are here
Пактот против Сити го покренал Арсенал, за краток период сите големи го поддржаа

ФУДБАЛПРЕМИЕР ЛИГА ПРЕД 2 ЧАСА

Немаат изградено ривалство како со Манчестер Јунајтед, ниту како со градскиот ривал Тотенхем, меѓутоа, по последните случувања, лесно може да се заклучи дека Манчестер Сити ќе биде најголемиот противник на Арсенал.

Поради оваа причина лондонскиот гигант отвори фронт против актуелниот шампион на Англија и ги охрабри другите клубови од Премиер лигата да се залагаат казната од УЕФА од две години забрана играње во европските купови, да стапи во сила веднаш, без разлика на времетраењето на пандемијата на вирусот ковид-19.

Оваа идеја на Арсенал се роди по испраќањето на жалбата од „Итихад“ до Лозана, во која се бара Судот за спортска арбитража да ја одложи казната сè додека не се создадат нормални услови да ги бранат своите ставови и да докажат дека не прекршиле ниту едно правило на УЕФА.

Адвокатскиот тим на Сити е убеден дека „граѓаните“ не сториле ништо надвор од регулативата, и велат дека имаат аргументи за ваквото тврдење и затоа бараат одлуката од Нион да „замрзне“, сè додека не заврши процесот во Лозана. А, тој сè уште не е започнат, бидејќи во овој момент поради коронавирусот нема услови за тоа.

Ривалите на Манчестер Сити веруваат дека со вакво сценарио ќе бидат загрозени нивните интереси, па затоа осум клубови побараа од УЕФА да не попушта во овој случај, туку на сила да остане казната која го оддалечува тимот на Пеп Гвардиола од меѓународните натпревари во следните две години. Според островските медиуми, иницијативата ја покрена Арсенал, барајќи од другите клубови да го поддржат.

Поддршката наводно стигнала веднаш и на „топџиите“ им се приклучија Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем, Лестер Јунајтед, Вулверхемптон и Барнли. Интересно е тоа што овие клубови се дел од првата половина на табелата во Премиер лигата во овој момент, со исклучок на Сити и Шефилд Јунајтед, кои не го коментираа овој предлог.

Најголемата причина за оваа иницијатива е фактот што доколку Сити биде суспендиран уште веднаш, тогаш петтото место во Премиер лигата ќе носи учество во Лигата на шампионите, а Арсенал има шанси да го нападне истото, се разбира доколку шампионатот продолжи.

По 29 одиграни кола Арсенал е деветти на табелата со 40 бода, пет помалку од петтопласираниот Манчестер Јунајтед, а осум во однос на Челзи кој е четврти на првенствената табела.

Коронавирус