среда, 22. септември 2021. Вести денес: 140
home Фудбал

Озил во жесток вербален дуел со навивачите, поразот тешко го поднесоа (ФОТО)

Озил во жесток вербален дуел со навивачите, поразот тешко го поднесоа (ФОТО)

Германскиот репрезентативец Месут Озил по поразот од Јужна Кореја и елиминацијата од Светското првенство, на одење кон соблекувалната имаше жестока кавга со навивачите.

Еден навивач го навредил Озил на што овој бурно реагирал, а во караницата предизвикана од раното испаѓање на „панцерите“ од Мундијалот, се вклучи и Бастијан Швајнштајгер.

Поголем инцидент спречи обезбедувањето на стадионот. По интервенцијата на службените лица, ситуацијата се смири и фудбалерите заминаа во соблекувалните.

Германците кои се уште се актуелни светски шампиони завршија на последното, четврто место во групата. (МИА)

Коронавирус