петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 57
home Фудбал

Озил го продолжи договорот со Арсенал до 2021 година

Озил го продолжи договорот со Арсенал до 2021 година

Германскиот плејмејкер Месут Озил го продолжи договорот со Арсенал до летото 2021 година.

Озил со новиот договор ќе заработува 350.000 фунти неделно во наредните 3 и пол години, а ова за 29-годишникот значи дека ќе биде дел од долгорочните планови на Арсенал. Клубот од Лондон оваа година нема амбиции за титулата, бидејќи заостануваат многу бодови зад лидерот Манчестер Сити, но ќе дадат очајнички напори за да се приклучат во борбата за 4-то место, кое води во Лигата на шампионите.

Германецот подолго време го одложуваше потпишувањето на нов договор, бидејќи не беше сигурен дека Арсенал ќе остане компетитивен. Но, со новите трансфери на Мкитаријан и Аубамејанг, тимот покажува амбиција дека сепак се движи во вистинскиот правец.

Месут Озил потпиша за Арсенал во 2013 година, од тимот на Реал Мадрид.