четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 147
home Фудбал

Овој фудбалер може да остане слеп: Синоќа му експлодира огномет во рака

Овој фудбалер може да остане слеп: Синоќа му експлодира огномет во рака

Некогашниот играч на Манчестер сити, а сега член на Галатасарај, Омар Елабделауи доживеа тешка повреда за време на дочекот на Новата година.

Како што пренесуваат турските медиуми, Елабделауи кој е и заменик капитен на норвешката репрезентација, сакал да запали огномет, кога огнометот му експлодирал во раката и заработил повреда на рацете, но и на лицето и очите. Некои пренесуваат дека повредите на очите се толку опасни, што Елабделауи може да остане слеп, пренесе Спортманија.

Тренерот на Галатасарај Фатих Терим, заедно со челниците на клубот, но и со Арда Туран утрово биле во посета на повредениот фудбалер, кој за среќа не е животно загрозен.

Коронавирус