сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 53
home Фудбал

ОВА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБЈАСНИ: Кавани се посрамоти- погледнете што не успеа да погоди (ВИДЕО)

На овој натпревар се посрамоти и прославениот голгетер Единсон Кавани, најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, кој промаши нешто неверојатно.
ОВА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБЈАСНИ: Кавани се посрамоти- погледнете што не успеа да погоди (ВИДЕО)

Во ремито меѓу Сент Етјен и ПСЖ (1:1), посебно се посрамоти прославениот голгетер Единсон Кавани, надобриот стрелец во историјата на ПСЖ, кој не погоди нешто неверојатно.

Фудбалерите на Сент Етјен пропуштија победа против водечкиот ПСЖ во првиот дуел од 32 коло во француското првенство, така што несреќниот Дебуши во втората од трите минути судиско продолжување постигна автогол.

На овој натпревар се посрамоти и прославениот голгетер Единсон Кавани, најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, кој промаши нешто неверојатно.

Погледнете и пресудете…

Домашниот тим поведе со погодокот на Кабеља во 17 минута. Истиот играч во 31 минута имаше можност да го зголеми водството на Сент Етјен, но голманот на ПСЖ, Ареола успеа да одбрани пенал. Во 41 минута гостите останаа со играч помалку, затоа што поради втор жолт картон исклучен беше Кимпембе.

Се до 92 минута ПСЖ беше на прагот на третиот пораз во првенството, но ги спаси неспретниот Дебуши, кој не успеа да се снајде после нафрлувањето на Мениер и со колено ја прати топката во својата мрежа.

ПСЖ на шест кола пред крајот скоро и теоретски ја осигура титулата, затоа што има 17 бода повеќе од второпласираниот Монако. Сент Етјен остана на деветтото место со 43 бода.

Коронавирус