сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ова е последната порака на Марадона (видео)

Ова е последната порака на Марадона (видео)

Смртта на Диего Армандо Марадона се уште е „жешка тема“ во аргентинската јавност, каде синоќа се појави и снимка за која се верува дека е последен видео-запис од легендарниот фудбалер пред неговата смрт.

Аргентинската телевизија „Кроника ТВ“ во вечерната програма објави видео-снимка по операцијата, снимена во куќата во која Диего подоцна и почина. Тој се наоѓа во кујната крај Верона Охеда и му се обраќа на докторот Леополд Луке, кој сега е главен осомничен во истрагата за анеговата смрт.

„Тешко ми е, но се е добро. Знаеш дека не сум за вакви интимности, но кога сум со добри луѓе се е можно. Бакнеж, Луке. Леополдо Хасинто Луке“, вели Марадона на видеото.

Дел од гостите во студиото од ТВ-емисијата не можеа да ги скријат солзите, од тага по легендата што за Аргентинците беше многу повеќе од фудбалер.

ЕУРО 2020

Македонија