четврток, 22. август 2019. Вести денес: 100
home Фудбал

Откупната клаузула за Нејмар во 2020 година ќе изнесува 160 милиони евра

Откупната клаузула за Нејмар во 2020 година ќе изнесува 160 милиони евра

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар може да го напушти францускиот клуб на лето 2020 година. Како што објави „АС“, тогаш во договорот на Бразилецот, можно е да се активира откупната клаузула во износ од 160 милиони евра.

Според изворот, Барселона, која е заинтересирана за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ ќе може да ја искористи оваа опција, секако доколку се сложи и Бразилецот.

За потсетување, Нејмар ја напуштил Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.

МИА