сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 100
home Фудбал

Откажан меч од Лигата на шампиони поради коронавирус

Откажан меч од Лигата на шампиони поради коронавирус

На само два часа пред почетокот на натпреврот, УЕФА донесе одлука да го откаже натпреварот помеѓу Дрита и Линфилд од претквалификациите за Лигата на шампионите. Играчи на косовскиот првак биле позитивни на коронавирус, па УЕФА не сакаше да ризикува и објави дека овој меч нема да се игра.

Целиот тим на Дрита мора да оди во карантин. Пред поаѓањето во Швајцарија, сите играчи на Дрита биле негативни, но во меѓувреме, во петокот тестирањето покажало дека двајца се позитивни.

Иако тоа нема да биде популарен потег, за очекување е првакот на Северна Ирска со службена победа да оди во првото коло од квалификациите.

Коронавирус