понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Откако Реал му се закани на Интер со тужба, Модриќ призна што се случувало

Откако Реал му се закани на Интер со тужба, Модриќ призна што се случувало

Тензиите меѓу Интер и Реал Мадрид околу нереализираниот трансфер на Лука Модриќ би требало да се намали драстично по последните признанија на хрватскиот фудбалер.

Тој споделил пред раководството на „белите“, дека сам се понудил на „нероазурите“, а тие не направиле прелиминарен контакт со него, објавија шпанските медиуми.

Реал му се закануваше на италијанскиот клуб со тужба кон ФИФА поради нерегулираните преговори со нивната ѕвезда. Но, всушност, такво нешто нема да се случи токму поради признавањето на Модриќ.

Хрватот објавил дека го овластил агентот да го „провери теренот“ во Милано, а потоа се дојде до кратката сага со неговото евентуално преминување во Интер, која заврши со предлог за нов договор од Реал.

Така, се очекува напнатоста меѓу двете гиганти конечно да престане и случајот да се заборави. Модриќ објаснил дека сакал да биде со своите соиграчи во репрезентацијата Марсело Брозовиќ, Иван Перишиќ и Симе Врсаљко, но конечно решил да остане во Мадрид.