четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Фудбал

Остана да лежи во локва крв: Хулигани со шише во глава го погодија судијата на мечот Штурм – АЕК (ВИДЕО)

Остана да лежи во локва крв: Хулигани со шише во глава го погодија судијата на мечот Штурм – АЕК (ВИДЕО)

На ужасни сцени бевме сведоци вчера во Австрија, каде Штурм беше домаќин на кипарски АЕК од Ларнака во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Кипраните водеа со 2:0 со головите на Трилос во 46-тата и нашиот Тричковски во 74-тата, кога хулиган фрли шише на теренот, кое заврши во глава на помошник судијата Фредрик Клајвер. Тој остана да лежи во локва крв, а играта беше прекината 40 минути пред да продолжи и заврши 0:2.

Штурм се огласи многу брзо по натпреварот.

– Однесувањето на навивачите на денешниот натпревар во никој случај не е прифатливо. Тоа ја оштетува репутацијата на целиот фудбал и на нас како клуб. Ние секогаш се обидуваме да го славиме фудбалот, а фер плејот е наш приоритет. Жал ни е што ги разочаравме навивачите на фудбалот денеска. Лицето кое го погоди судијата е пронајдено и ќе биде санкционирано од страна на надлежните органи, се вели во соопштението.