четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 133
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Фудбал

Осогово заедно со Барса, Јуве, Рома, Ливерпул ќе „спасува“ исчезнати деца низ светот!

Осогово заедно со Барса, Јуве, Рома, Ливерпул ќе „спасува“ исчезнати деца низ светот!

Македонскиот второлигаш Осогово објави дека добиле покана од Рома за да се здружи со уште 77 клубови од пет континенти во светот за „Меѓународниот ден на исчезнати деца“ на 25 мај и притоа ќе се обиде да помогне во пронаоѓање на важни лица кои се сметаат за исчезнати.

Дел од клубовите кои се приклучиле на поканата се европските гиганти како Рома, Интер, Јувентус, Аталанта, Ливерпул, Челси, Тотнем, Барселона, Атлетико Мадрид, Валенсија, Борусија Дортмунд, Олимпик Марсеј и многу други.

Секој клуб ќе ги искористи своите профили на социјалните мрежи на 25 мај, со цел да сподели видео од исчезнатите деца со надеж дека ќе помогне во пронаоѓање на истите.

„Повеќе од милион деца се пријавени како исчезнати во целиот свет секоја година. На меѓународниот ден на исчезнатите деца во 2020 година, среќни сме што имаме поддршка од глобалната фудбалска заедница, со која се надеваме дека децата ќе бидат пронајдени или препознаени за да може да бидат вратени на семејството“, кажал извршниот директор на организацијата, Боб Канингам.

Коронавирус