сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Османи пред финалето со Пелистер: Квалитетот е на страната на Шкендија

Османи пред финалето со Пелистер: Квалитетот е на страната на Шкендија

Тренерот на Шкендија Ќатип Османи пред финалето на Купот на Македонија против Пелистер за Алсат-М изјави дека ќе бара победа против битолскиот тим. Пелистер на 9 мај во финалето ќе се обиде да го одбрани трофејот што го освои минатата година, кога во Струмица ја победи токму Шкендија.

Според Османи, Шкендија има капацитет да ги освои двата трофеја во домашниот фудбал.

– Ќе повторам, Шкендија ќе ги нападне двата трофеи. Се разбира, за мене е посебна радост да го освојам Купот. Мислам дека квалитетот е на страната на Шкендија, изјави Османи, цитиран од Алсат-М.

Коронавирус