Фудбал според турските медиуми

Осимен се договорил со Манчестер Јунајтед?

Осимен се договорил со Манчестер Јунајтед?

Најдобриот стрелец на Галатасарај Виктор Осимен ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед , тврдат повеќе извори од Турција .

Нигерискиот интернационалец веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“. Ќе добие 15 мил. евра годишна плата на Олд Трафорд.

Осимен е во сопственост на Наполи , но пред почетокот на сезоната беше позајмен во Галатасарај и прави бум во истанбулскиот гигант.

Досега Нигериецот има 29 гола на 34 натпревари за составот предводен од Окан Бурук. Претходно Осимен го продолжи договорот со Наполи до декември 2023 година.

To top