среда, 4. август 2021. Вести денес: 3
home Фудбал

Операцијата на Кастањ траела шест часа, 3 сантиметри го делеле од крај на фудбалската кариера

Операцијата на Кастањ траела шест часа, 3 сантиметри го делеле од крај на фудбалската кариера

Фудбалерот на Белгија, Тимоти Кастањ доживеа тешка повреда на натпреварот меѓу Русија и Белгија на Европското првенство, по дуелот со Кузјаев по што беше изнесен од теренот.

Тој доживеал тешка повреда во пределот на окото, за што сведочат и крвавите слики од теренот.

Кастањ се задравува во болница по тешката операција која траела шест часа, а докторите откриле дека ударот можел да биде фатален и да значи крај на кариерата на играчот на Белгија.

Операцијата била извршена во средата од 15 до 21 часот, а доколку ударот бил три сантиметри погоре, тоа би значела директна повреда на окото. Кастањ сега го чекаат најмалку осум недели мирување, а веројатно нема да биде подготвен ниту за почетокот на Премиер лигата идната сезона.

 

Коронавирус