петок, 24. септември 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Операција Кејн: Дејли Мејл откри што се мора Манчестер Сити да направи за да го доведе напаѓачот

Операција Кејн: Дејли Мејл откри што се мора Манчестер Сити да направи за да го доведе напаѓачот

Манчестер Сити тргнал во целосна офанзица кога е Хери Кејн во прашање, пишува Дејли Мејл.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви вчера кажа дека нема никаква намера да ја продаде својата најголема ѕвезда, но тоа е стандардна тактика на Леви кога е во прашање продажбата на играчите. Исто така немаше никаква намера да го продаде ниту Герет Бејл во 2013-та, па Велшанецот за 101 милиони евра замина во Реал Мадрид.

Сити преговорите ги започна со понуда од 100 милиони фунти, на која Леви само се насмевнал. Спарс му порачаа на Гвардиола да не се јавува без најмалку 150 милиони фунти, а Сити наводно понудиле 160, што сигурно предизвикало насмевка кај тврдиот преговарач Леви. Тој по крајот на ЕУРО 2020 кажа дека цената на Кејн скокнала за 20 милиони фунти и дека нема клуб кој може да си го дозволи. Дејли Мејл вчера објави дека Кејн им се доверил на пријателите и семејството на венчавката на братот, дека трансферот во Сити е решен и дека тој заминува таму за плата од 20 милиони фунти по сезона.

Но, не е се така едноставно кога е овој трансфер во прашање. Се разбира за Манчестер Сити парите не се проблем, без разлика дали е за трансфер или за плати на играчите, но проблем финанскискиот фер плеј. Клбуот на Шеикот минатата сезона имаше големи проблеми со УЕФА околу ова прашање, речиси и беа исфрлени од евроспките натпреварувања и на Итихад веќе не сакаат да ризикуваат, свесни се дека толеранцијата ја УЕФА ја искористија до крајни граници.

За да го овозможи купувањето на Хери Кејн, Пеп Гвардиола ќе мора да се реши од некои од своите главни ѕвезди. Прв налистата е Бернардо Силва, кој во Манчестер Сити е до 2017-та година и сега е прав момент да се продаде. Португалецот има 26 години, многу пати докажа дека може да игра на највисоко ниво. Проблем е што Сити за него бара барем 60 милиони фунти, а тие пари малку кој во Европа моментално може да ги плати. Се споменуваше Атлетико Мадрид, но тоа остана во рамките на гласини, а Сити забрзно работи да му најде откупувач на својот играч.

Кога би се нашле заинтересирани, Сити би ги прдоал и Габриел Жесус и Рахим Стерлинг, за кого сметаат дека дошол идеалниот момент ако сакаат да заработат нешто на него. Би го пуштиле и Ријад Марез, но тоа е последна опција. Дејли Мејл трврди дека во финансиските книги има уште дел од парите од продажбата на Лирој Сане, кои може да се искористат за почитување на финансискиот фер плеј, но дека евентуална инвестиција во уште едно големо засилување подразбира продажба на некоја од ѕвездите.

А следна инвестиција доколку се биде како што планираат Граѓаните би била Џек Грилиш, за кого Астон Вила сака барем 100 милиони фунти. Пеп Гвардиола наводно е негов голем фан и го гледа како иделно засилување во својот и онака одличен тим. Гвардиола смета дека Рахим Стерлинг го достигнал зенитот на својата форма и дека е време да се заработи од него, а баш Грилиш би бил неговата замена во тимот, а истиот би го направил уште подобар.

Дел од парите за трансферите на Грилиш и Кејн, Сити веќе ги доби со продажба на голем број играчи. Лајпциг за 16.2 милиони фунти го откупи Ангелино, Лидс по успешната позајмица го зеде Џек Херисон за 11 милиони фунти, а Волфсбург истата сума на ја даде за младиот Лукас Нмеча. Така Сити од досегашните продажби заработи 38 милиони фунти, но тоа не е блиску до она што е доволно за на Етихад да дојдат Кејл и Грилиш, или барем еден од нив.

Коронавирус