недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 33
home Фудбал

Олимпијакос губеше 0:2 против Тотенхем, но освои бод

Олимпијакос губеше 0:2 против Тотенхем, но освои бод

Финалистот од минатата сезона во Лига на шампионите, Тотенхем, одигра само 2:2 на гостувањето кај Олимпијакос, во првото коло од новата сезона.

Лондонските „петли“ после половина час игра водеа со 2:0, но Олимпијакос бодрен од своите навивачи не се предаде, и успеа најпрвин да намали на 1:2 пред крајот на првиот дел, а потоа од пенал, Валбуена изедначи на 2:2. Имаше доволно време за еден од тимовите да даде и трети гол и да победи, но тоа не се случи. Ова реми им одговара на Баерн и Црвена ѕвезда кои се во истата група.

Во другиот меч од 18.55 часот, Бриж и Галатасарај одиграа 0:0. Тоа беше дуел од групата А, во која фаворити се ПСЖ и Реал Мадрид. Првото коло ќе се комплетира вечерва пред 23 часот, откако ќе се одиграат останатите шест дуели од денешната програма.