понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Огромна трагедија: На 38 години поранешен репрезентативец си го одзема животот

Огромна трагедија: На 38 години поранешен репрезентативец си го одзема животот

Огромна трагедија во Србија. Во 38-та година од животот се самоуби поранешниот фудбалер на Партизан и српски репрезентативец, Миљан Мрдаковиќ.

Се се случило во изнајмениот стан во Белград. Српските медиуми пренесуваат дека само седнал на својот кревет пред неговата девојка го зел пиштолот и со зборовите „не можам повеќе“ си пукал во главата. Преплашената девојка побегнала од станот и веднаш повикала полиција и брза помош.

Мрдаковиќ кариерата ја заврши пред три години во ОФК београд, а претходно настапуваше за Партизан, Салцбург, Гент и Андерлехт.

Мотивите за самоубиството се уште треба да се расчистат.

Коронавирус