вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Варан е новиот „ѓавол“ во одбраната на Јунајтед!

ОФИЦИЈАЛНО: Варан е новиот „ѓавол“ во одбраната на Јунајтед!

Она што долго време се најавуваше, се потврди. Рафаел Варан го напушти Реал Мадрид и е нов член на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ од Манчестер го потврдија трансферот на фудбалерот кој има 28 години, но не открија премногу детали на темата.

На интернет-страницата на премиерлигашот стои дека Рафаел Варан е нивен нов фудбалер, а детали не се откриваат додека не се финализира зделката и не завршат медицинските прегледи.

Францускиот стопер има нов клуб за првпат по 2011 година. Цела деценија тој беше член на Реал Мадрид за кого одигра преку 250 натпревари, а претходно настапуваше за Ленс, прв професионален клуб за него во кариерата.

Коронавирус