четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 16
home Фудбал

Официјално: Судот ја укина забраната, Челзи може да купува во јануари

Официјално: Судот ја укина забраната, Челзи може да купува во јануари

Екипата на Челзи доби добри вести пред зимскиот преоден рок, затоа што е укината трансфер-забраната и управата ќе може да купува нови фудбалери.

Челзи беше суспендиран во период од една година од страна на ФИФА, што значеше дека тимот не смееше да регистрира нови имиња во два преодни рока. Но, „сините“ ја обжалија одлуката во Арбитражниот суд за спорт, па добија позитивни вести.

Судот застана на страната на премиерпигашот, па Френк Лампард ќе може да носи нови фудбалери во јануари, 2020 година. Ова е одлична вест за стратегот на премиерлигашот кој сега може да скрои тим по своја мерка.

Челзи е на четвртото место во Премиер лигата и по 15 одиграни кола има 29 бода.

Коронавирус