среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 144
home Фудбал

Официјално: Правилото за пет замени останува и во сезоната 2020/21

Официјално: Правилото за пет замени останува и во сезоната 2020/21

Фудбалските тимови ќе имаат право да направат пет замени по натпревар следната сезона, одлучи Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) – единицата надлежна за фудбалските регулативи. Сепак, одлуката за петте замени ќе ја донесе индивидуално секоја федерација.

Во мај оваа година ИФАБ им овозможи на тимовите да користат пет замени наместо традиционалните три за да го „заштитат здравјето на играчите“ за време на пандемијата на коронавирус.

– Управниот одбор на ИФАБ ја прошири опцијата за првенствата закажани за завршување до 31 јули 2021 година и меѓународни натпревари закажани за јули, август 2021 година, се вели во соопштението на единицата.

ИФАБ додаде дека одлуката за користење на петте замени зависи од секој индивидуален организатор на првенството. Секој тим ќе има право на три шанси за промена на составот, иако замените на одморот не се бројат како една од трите опции.(МИА)

Коронавирус