четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 81
home Фудбал

Официјално: ОВОЈ стадион ќе се вика Диего Армандо Марадона

Официјално: ОВОЈ стадион ќе се вика Диего Армандо Марадона

Градоначалникот на Неапол потврди дека стадионот ќе се вика „Диего Армандо Марадона“, а името ќе биде официјално уште за следниот натпревар.

„Ги прочитав сите предлози, но одлучено е името да биде Стадион Диего Армандо Марадона“, изјави Де Магистрис за „Ил Месаџеро“.

-Постапката ќе биде колку што е можно побрза. Денеска веќе имав состанок со комисијата, во петокот се јавив во Општината и ќе го заклучиме процесот. Верувам дека името ќе биде официјално до следнииот меч на Наполи, рече тој.

Марадона остави исклучително длабок траг во Наполи за кој настапуваше од 1984 до 1991 година, во тој период двапати ја освои Серија А, еднаш Купот на Италија, еднаш УЕФА Купот и еднаш Суперкупот на Италија.

Коронавирус