понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 67
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Официјално: Нема спорт во Франција до септември

Официјално: Нема спорт во Франција до септември

Во Франција нема да има професионален спорт најмалку до септември. Ова го објави премиерот Едуард Филип како дел од посериозните мерки во земјата за борба против пандемијата од коронавирус.

-Големите спортски настани не можат да се одржат пред септември. Професионалната фудбалска сезона 2019/20 не може да продолжи, рече Филип за време на денешното Национално собрание.

Ова значи крај на тековната кампања во првите две нивоа на локалниот фудбал. Се очекува следниот месец да има состанок на француската лига, на кој ќе бидат разјаснети сите прашања во врска со рангирањето за шампион, учесници во евротурнирите, испаѓање и повратници.

Пред да заврши првенството, убедлив лидер во Лига 1 беше Пари Сен Жермен, а другите две места во Лигата на шампионите ги окупираа Марсеј и Рен. Лил беше во позиција за Лига Европа.

Трите екипи во зоната за испаѓање беа Нимс, Амиен и Тулуз.

Во Лига 2, први и втори беа Лориен и Ленс, соодветно, но разликата помеѓу лидерот на табелата и петтиот Клермон Фут беше само четири поени. (МИА)

Коронавирус