петок, 30. јули 2021. Вести денес: 153
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: На Ериксен му е вграден дефибрилатор – познато е дали повторно ќе може да игра фудбал!

ОФИЦИЈАЛНО: На Ериксен му е вграден дефибрилатор – познато е дали повторно ќе може да игра фудбал!

Кристиjан Ериксен, кој неочекувано колабираше на мечот со Финска, е успешно опериран, и тој во наредните денови ќе биде пуштен на домашно лекување, ова го објави Газета Дело Спорт.

На Данецот му е вграден дефибрилатор, со што ќе му помогне да води нормален живот, но најверојатно тој нема да може да игра фудбал.

Едно е сигурно, во Италија нема да може да игра поради строгите здравствени контроли врз играчите, правилата се многу рестриктивни за играчи кои имаат вакви проблеми.

Операцијата и вградувањето на дефибрилаторот, ќе значат и крај на кариерата на Ериксен, но Данецот ќе може да води нормален живот.

Некои негови соиграчи како Дејли Блинд исто така имаа слични проблеми, но продолжија да играат фудбал. Блинд два пати колабираше на теренот, но се уште настапува за Ајакс, но за разлика од него, состојбата со Ериксен е далеку посериозна. Тој нема да продолжи да игра фудбал бидејќи не смее премногу да го оптеретува телото, а со тоа и срцето.

Коронавирус