сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Мурињо го доведе првото засилување во Тотенхем

Официјално: Мурињо го доведе првото засилување во Тотенхем

Жедсон Фернандеш од Бенфика е првиот зимски трансфер на Тотенхем и воедно првиот фудбалер што во тимот го носи Жозе Мурињо како менаџер.

Португалецот доаѓа во Лондон на 18-месечна позајмица од лисабонскиот тим, со можност неговиот договор да биде откупен за 56 милиони фунти.

Фернандеш има само 21 година и игра во средниот ред. Тој е продукт на младинската школа на Бенфика, за која дебитираше минатата сезона, а досега вкупно одигра 53 натпревари. Ги мина сите младински категории во репрезентацијата на Португалија, а веќе запиша и два настапи за сениорскиот тим.

Коронавирус