петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Официјално: Манчестер јунајтед има нов капитен

Официјално: Манчестер јунајтед има нов капитен

Менаџерот Оле Гунар Солшер донесе одлука Хери Мегвајер да биде новиот капитен на Манчестер јунајтед, откако Ешли Јанг се договори за трансфер во редовите на Интер.

Искусниот фудбалер за 1,5 милиони фунти се сели во Милано, па затоа капитенската лента сега оди на раката на Мегвајер. Стопер ја игра првата сезона во дресот на „црвените ѓаволи“, но Солшер верува дека тој е вистинскиот човек и дека ги има потребните лидерски способности да биде капитен.

Мегвајер прв пат ја носеше капитенската лента на дуелот со Партизан во Белград во рамки на Лигата на Европа, кога не играа поголем дел од староседелците во клубот. Во недела на големото дерби против Ливерпул во рамки на на Премиерлигата и официјално ќе биде нов постојан капитен на Манчестер јунајтед.