понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Легендата на Арсенал го превзема клубот по отказот на Емери

ОФИЦИЈАЛНО: Легендата на Арсенал го превзема клубот по отказот на Емери

Лондонскиот клуб Арсенал денес официјално соопшти дека нивниот тренер Унаи Емери го напушта тимот по 18 месеци минати на клупата.

-Нашата најискрена благодарност оди на Унаи и неговите колеги кои со нивните напори се обидоа да го вратат клубот назад во конкуренција на ниво што сите го очекуваме и баравме. Им посакуваме на Унаи и на неговиот тим ништо друго освен иден успех, соопштија од клубот.

Од Арсенал соопштија дека побарале од Фреди Љунгберг да ја преземе одговорноста за првиот тим како привремен главен тренер.

Во тек е потрагата по нов тренер, за што од клубот дополнително ќе информираат.