вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 20
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Халанд ги одби гигантите и потпиша во Бундеслигата

ОФИЦИЈАЛНО: Халанд ги одби гигантите и потпиша во Бундеслигата

Ниту Јувентус, ниту англиските гиганти – норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд во 2020 година ќе игра во Бундеслигата. 19-годишниот Халанд од синоќа е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, потпишувајќи договор до 2024 година. Германскиот гигант од „Сигнал Идуна Парк“ денес го официјализираше трансферот, иако не откри детали од годишните примања на фудбалерот и клаузулите во договорот. Борусија Дортмунд ја плати клаузулата од 20 милиони евра, обештетување кое е така ниско само за овој преоден рок.

Германските медиуми открија дека Халанд по вторпат со приватен авион слетал на дортмундскиот аеродром, во друштво на својот менаџер Мино Раиола. Тие биле пречекан од претставници на раководството на Борусија Дортмунд и брзо ставиле потпис на договорот.

За Халанд заинтересирани беа Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Лајпциг и Јувентус. Со преминот во Дортмунд, Халанд ќе може да игра уште сезонава во Лигата на шампионите и да ја продолжи низата од есенскиот дел, кога во групната фаза постигна осум гола за Салцбург. Младиот фудбалер е водечки на листата на стрелците и сруши рекорди по бројот на голови во своето прво учество во најсилниот европски Куп и по бројот на натпревари на кои се запиша меѓу стрелците во премиерната своја сезона во Лигата на шампионите.

Халанд ќе биде конкуренција на Ројс, Пако Алкасер, Брандт во нападот на екипата која презими на четвртото место во Буднеслигата, со седум бода доцнење зад есенскиот првак РБ Лајпциг.

Противник во првата елиминациона фаза на „милјардерите“ им е францускиот првак ПСЖ.

Коронавирус