сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 86
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Финалето во ЛШ ќе се игра во Португалија

ОФИЦИЈАЛНО: Финалето во ЛШ ќе се игра во Португалија

Дуелот на Манчестер Сити и на Челси во финалето од фудбалска Лига на шампиони на УЕФА ќе се игра на „Драгао“ во Порто, потврди УЕФА.

Двата клуба учесници во битката за европскиот трон ќе добијат по 6000 билети за нивните навивачи.

Натпреварот кој ќе се одигра на 29 мај во Португалија е преместан во оваа држава поради ковид рестрикциите во Турција.

Португалија е на зелената листа на Англија, па играчите и навивачите ќе можат да присуствуваат без карантин по враќањето дома.

ЕУРО 2020

Македонија