среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Ешли Јанг е нов фудбалер на Интер

Официјално: Ешли Јанг е нов фудбалер на Интер

Ешли Јанг е ново засилување за Интер откако го комплетираше трансферот од Манчестер јунајтед.

Ешли Јанг стави потпис на шестмесечен договор со Интер со можност за продолжување на уште една сезона.

Тој ќе го носи дресот со бројот 15.

Утринава Јанг отпатува во Милано каде што ги помина медицинските тестови и стави потпис на договорот.

Интер за овој трансфер на Манчестер јунајтед му плаќа 1,5 милиони евра.

Интер силно се поврзува со уште двајца фудбалер од Премиерлигата, Ериксен и Жиру.