сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 36
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Егзодусот во Барса започна, Ракитиќ се врати во Севилја

ОФИЦИЈАЛНО: Егзодусот во Барса започна, Ракитиќ се врати во Севилја

Иван Ракитиќ се врати во Севилја, клубот од каде дојде во Барселона во 2014 година, егзодусот во клубот од Каталонија официјално започна.

Хрватот сакаше да се пензионира во Барселона, но новиот тренер Роналд Куман му ја покажа вратата, тој се врати во Севилја.

Ракитиќ за шест сезони во Барселона освои 13 трофеи, еден во Лигата на шампионите, четири во Ла Лига и Купот на Кралот, два во шпанскиот Суперкуп и по еден на клупско светско првенство и европскиот Суперкуп.

Севилја за Ракитиќ ќе плати 1,5 милион евра, во зависност од бројот на настапите во старо новиот клуб, Барселона може да инкасира максимални 10.5 милиони евра.

Коронавирус