петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Бруно Акраповиќ го наследи Ѓока на клупата на Шкендија!

ОФИЦИЈАЛНО: Бруно Акраповиќ го наследи Ѓока на клупата на Шкендија!

Босанскиот менаџер, Бруно Акраповиќ е наследникот на Ернест Ѓока на клупата на македонскиот првак Шкендија.

Оваа информација ја потврди клубот од Тетово на социјалните мрежи. Ѓока заработи отказ, откако екипата беше срамно елиминирана од евро-куповите без постигнат погодок и позитивен резултат.

По пет години, 53 годишниот стручњак се враќа во Шкендија со која имаше донекаде успешна авантура. Акраповиќ во сезоната 2015/16 го предводеше овој клуб до трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето го доби Работнички (2-0).

Освен Шкендија, во кариерата Акраповиќ ги водеше и Мосор Зрновица, Вал, Солин, Неретва, Колеџ Европа, Сплит, Локомотив Пловдив и минатата сезона ЦСКА Софија.

Коронавирус