петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Брахим Дијаз го засили Милан

Официјално: Брахим Дијаз го засили Милан

Италијанскиот гигант Милан денес официјално го потврди трансферот на Брахим Дијаз.

Брахим Дијаз доаѓа во Милано на едногодишна позајмица, а двата клуба во текот на сеозната ќе се договорат за колкава сума „росонерите“ ќе можат да го откупат на крајот на сезоната.

Во секој случај, Реал не сака да ја загуби контролата над играчот и ако биде договорен откуп, „кралевите“ ќе имаат бај-бек клаузула во следните две години.

21-годишниот Дијаз, пристигна во Реал од Манчестер сити во јануари 2019 година за 17 милиони евра, но не можеше да се наметне во тимот на Зидан.

Тренерот на „росонерите“ Пиоли силно го посакуваше Шпанецот бидејќи може да игра на сите позиции во нападот.

Коронавирус