Еден од најголемите таленти во Европа реши кариерата да ја продолжи во Бундеслигата и со Лајпциг потпиша договор до јуни 2024 година.
21-годишниот Шпанец претходно беше близу до дресот на Милан, но италијанскиот клуб одби да плати милионска провизија за неговиот агент, па Олмо заврши во Лајпциг. Тој е продукт на академијата на Барселона – „Ла Масија“, но пред четири години реши да гради кариера во Динамо.
Тоа се покажа како одличен потег и за Олмо и за „модрите“ кои продолжуваат со традицијата на фантастични бизнис-зделки на трансфер пазарот.