четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Азар станува „крал“ за 100 милиони евра по финалето на ЛЕ!

ОФИЦИЈАЛНО: Азар станува „крал“ за 100 милиони евра по финалето на ЛЕ!

Белгискиот репрезентативец Еден Азар од наредната сезона ќе игра за Реал Мадрид, а Челзи за него ќе добие солидна сума, пишува француски „Л’Екип“.

28-годишниот крилен фудбалер истакна дека ќе си замине од Челзи по крајот на оваа сезона, а негова наредна дестинација ќе биде Реал Мадрид. „Кралскиот тим“ за да го откупи неговиот договор со лондонскиот премиерлигаш ќе одвои 100 милиони евра.

Трансферот на Азар од Лондон во Мадрид ќе се реализира по финалето на Лигата на Европа, во кое Челзи ќе игра против Арсенал.

Белгиецот во редовите на Челзи е од 2012 година и е важен дел од првиот тим.

Извор: gol.mk